Македонец кој зборува со пчелите живее во природен резерват во Преспа и прави 100% природен мед кој е витаминска бомба (видео)

Легендата зборува дека пчелите водат потекло од рајот каде биле „мали божји помошници“. Нашите стари верувале доколку се убие пчела се прави голем грев и може да донесе несреќа поради нејзиното рајско потекло.

Многумина народи сметале дека пчелите се најинтелигентните инсекти, а некои верувале дека дури може да ја претскажат иднината.

Уште во античкото доба медот го нарекувале „златен балзам“, а пронајден е и во пирамидите на стариот Египет каде симболизирал бесмртност и повторно раѓање. Иако старите народи се занимавале со пчеларство, медот и ден денешен ги фасцинира експертите и лаиците.

Еден од оние кои ни ја раскажаа својата интересна приказна за медот е и Благојче Настевски од преспанското село Езерани.

Имено, човекот кој што зборува со пчелите како што го нарекуваат е еден од ретките кои својата љубов кон малите „божји помошници“ ја претворил и развил во бизнис од кој како што вели може солидно да се живее но е потребно многу работа, вложување и труд.

-Со пчеларство се занимавам 15 години, а љубовта кон пчелите ја наследив од мојот дедо кој исто така се занимавал со пчеларство. За мене сосема природна беше одлуката да се занимавам со пчеларство затоа што отсекогаш сум ги сакал пчелите, а како што велеше дедо ми на нас тоа ни е во гените“, вели Благојче за Македонија Денес.

Пчеларникот на Благојче се наоѓа во чиста незагадена околина во природен резерват за птици каде што не смее да се вози, нема издувни гасови ниту пак фабрики.

Медот кој го произведува Благојче е 100 % природен збогатен со матичен млеч, ладено цедено кокосово масло, полен и други природни билки кои гарантирано помагаат за прочистување на плунка кај пушачи, полесно искашлување и зајакнување на имунолошкиот систем.

Во неговиот асортиман на здравата храна е и вистинска протеинска бомба од 100% природен мед со лешник, бадем, орев и семе од сончоглед и тиква, сусам, ленено семе, суво грозје, брусница, семе од коприва, кокос кои помагаат за зајакнување на имунитетот, подобрена концентрација, регулирање на крвен притисок, чистење на крвните садови, јакнење на крвната слика како и повеќе енергија, а и подобрена потенција.

-Од пчеларство во Македонија може добро да се заработува и сосема пристојно да се живее но само доколку вистински и 100% сте посветени и работите професионално резултатите од целиот труд можеби се бавни но се сигурни“, вели Благојче.
Покрај витамините, ензимите и киселините тој има својства кои звучат неверојатно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде