Страотна сообраќајка, малолетник со тешки повреди итно пренесен во болница

Малолетен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19 часот.

Несреќата се случила откако 54 годишен кичевчанец возејќи „југо“ удрил во малолетникот кој управувал мотоцикл без регистарски ознаки.

„На 12.09.2023 во 18.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на Кичево,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(54) од Кичево и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кичево.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде