Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска во Албанија во делот населен со Македонци ќе отвори бугарско училиште.
Овој чекор на официјална Софија доаѓа пред пописот во Албанија на кој се очекува голем број
Македонците да се изјазнат за Бугари поради бугарските пасоши кои им ги даваат.
Јотова во Голо Брдо, во селото Големо Острени ќе ја отвори новата учебна година во бугарско неделно училиште, соопшти прес-службата на бугарското претседателство.
Македонците од Албанија во неколку наврати реагираа на ваквите потези од бугарска страна и јасно порачаа дека населението кое Бугарија сака да го претстави како Бугари е чисто македонско население, кое зборува македонски јазик и ја почитува и негува македонската култура и традиција.