Падна уште еден функционер на власта: Разрешена директорката Тина Иванова

Тина Иванова, директорката на македонската Филхармонија е разрешена од министерката за култура Бисера Стојчевска Костадинова, објави МКД.мк

Комисијата формирана од Министерството за култура констатирала повеќе неправилности во работата на Иванова.

Разрешени се и членовите на Управниот одбор на Филхармонија бидејќи не делувале навреме и не укажале за неправилностите во работењето на Иванова.

За в.д. директор поставен е Даниел Лазаревски. Повеќе информации од Министерството за култура најавија за денеска.

Како што дознава МКД.мк, една од причините за разрешувањето биле неправилностите при издавањето на просториите на Филхармонија, а тука се споменуваат партијата ВМРО-ДПМНЕ и фирмата Бока бистро, закупец на дел од просториите во зградата.

На 7 мај годинава во Филхармонија се одржа конвенција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално како што пренесува МКД.мк, некои од обврските од договорот за закуп не биле исполнети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде