Синот на некогашниот претседател на Македонија е негова копија.
По повод Денот на мајките Сара Трајковска објави фотографија од својата мајка и нејзиниот брат и ги воодушеви сите.
Борис Трајковски беше вториот претседател на Македонија. Роден е на 25 јуни 1956 година во Струмица.
За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година.
Но, неговиот мандат за жал, заврши кобно.
Трајковски пoчи-нa на 26 февруари 2004 година во авионска несреќа на патот кон економска конференција во Мостар, Босна и Херцеговина. Авионот се урна во густа магла и пороен дожд на планината во југоисточна Херцеговина, во близина на селата Поплат и Врсник на околу осум милји (15 км) југо-југоисточно од Мостар.
Зад себе ја остави сопругата Вилма и двете тогаш малолетни деца, Сара и Стефан.
По згаснувањето на неговиот живот, Вилма и децата целосно се повлекоа и продолжија спокоен живот далеку од очите на јавноста.
Сара е активна на социјалните мрежи, каде публиката може да види каде е и што прави.
Ако беше жив, претседателот Трајковски ќе беше горд во кави луѓе се претворија неговите деца.
Сара сега живее во Њујорк, каде студираше на еден од најпрестижните Универзитети.
По повод Денот на мајките таа се огласи на Инстаграм и сподели фотографија од нејзиниот брат и мајка ѝ.
Она што може да се види е дека малиот Стефан пораснал во прекрасно момче, кое неверојатно многу потсетува на својот татко.
„Не можеме доволно да ти се заблагодариме за твојот труд, жртвата и бескрајна љубов!!! Среќен ден на мајките кралице!“, напиша Сара во опис на фотографијата.
ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска