Децата со Даунов синдром и со лесна попреченост нема повеќе да бидат товар во буџетот, тврди активиската Кардула

Домника М. Кардула, активистка за правата на лицата со попреченост и мајка на дете со аутизам тврди дека децата со Даунов синдром и лесна попреченост, повеќе нема да бидат на товар на буџетот.

Таа објави остра реакција на социјалната мрежа „Фејсбук“. На одговорните им порача дека тој чекор е срамота.

ФБ постот ви го пренесуваме во целост:

Секој чесен граѓанин се радува и ги поздравува обидите за ставање ред во државната каса и елеминирање на сите непродуктивни трошоци.

Така со “радост” ја примивме веста дека децата со Даунов синдром и со лесна попреченост нема повеќе да бидат товар во буџетот!!! Воу каков доманќинлук!

Има да се има ред во држава каде; луѓе десетици години не одат на работа, а земаат плата, а и голем дел си живеат во странство; каде полуписмен кадар е на раководни функции; каде не се знае каде, кој и колку ги користи службените возила; каде пратеници земаат патни трошоци како да работат во Лисабон;

каде функционери си ги носат своите деца на службени патувања; каде во моменти на економска криза истите тие земаат 78% зголемување на платата; каде кримналците наместо да лежат, си лежат на украдените народни пари и ама баш ништо не им фали; каде царува корупцијата; каде………. слободно дополнете си и сигурно нема да ви снема аргумент!

Ни ја убивте надежта, ни ја украдовте иднината и на ранливите категории граѓани и нивните семејства им го покаажавте средниот прст по кој знае кој пат!

Срамота, срамота, срамота!!!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде