Фуркан Салиу распали: Советот на честа при ЗНМ донел одлука против мене, па еве ќе и кажам…

Фејсбук пост на Фуркан Салиу:

Советот на честа при #ЗНМ донел одлука против мене по жалба на Клиниката за ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА.

Сум немал втора страна а они носат одлука базирана на лаги од една страна. Еве што наведуваат од клиниката а тоа го прифаќаат како факт Советот на честа…

– “Клиниката наведува дека воопшто не била контактирана и не бил побаран официјален став за случајот, иако новинарот Фуркан Салиу, два пати влегол на Клиниката, еднаш со семејството на пациентката, а втор пат сам, за да ја посети, иако посета била дозволена само за фамилијата, и притоа не побарал став за случајот од Клиниката..“

Тотално неточно! Фуркан Салиу отиде во клиниката заедно со пациентката која што беше оставена на улица да умира затоа што ниту една клиника не ја примаше. (ВИДИ СЛИКА)

Не сум ја посетил и не сум посетил никого затоа што не сум влегол во соба за пациенти. Да, сум помагал да се качи до вториот спрат на гастро затоа што количката имаше дупнати гуми.

*63 годишната жена од сабајле па се до 1 после полноќ со нефункционална количка ја праќале од една во друга клиника.

Не е ниту точно дека не е побаран став. Имам пораки кои се пратени со прашање за кој одговорот беше : На состанок сум ќе ве барам. Од гастро главната дежурна докторка избега, а докторката која што ја прими жената се правдаше дека ја примат за да не ја остават на улица затоа што според нејзе, жената требало да лежи на инфективна.

Побаран е став од Клиниката за инфективни болести каде што бил првиот упат, и каде што од гастро инсистираа дека треба да се прими. Резултатите од испитувањата покажале дека нема знаци на хепатит и дека ниту една друга инфективна болест. Тие резултати со дозвола на семејството се употребени.

– На клиниката и се сомнителни моите мотиви за правење на сторијата.

Епа вака, во еден после полноќ стануваш и доаѓаш во клинички кога ти се јавуваат и ти велат дека човек може да умре на улица во најголемиот клинички центар во државата а докторите се нигде. Така да мотивот е едноставен… Да се спаси човечки живот.

– За Советот на честа материјалот е конфузен. А па за 23 000 луѓе кои што го видоа е многу јасен… Спасен е човечки живот, и само тоа треба да го знаете

Господа, затоа вашата улога во новинарството е минорна, да не бидам груб па да кажам дека никој не ве ферма. Имате Етички кодекс со 17 точки и тој не знаете да го толкувате како што треба. Верувајте, утре ако некој ме побара и се наоѓа во иста ситуација во 3 сабајле таму сум! И исто ќе постапам, со пациентот се додека не се најде решени.

НЕМА СПИЕЊЕ ВО ТРЕТА СМЕНА ЗАТОА ШТО ВЕ ПЛАЌАМЕ ДУПЛО!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде