ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА го потресе светот: Jа загуби битката со ракот, имаше само 35 години…Почина ѕвездата на „Би-би-си“ Меди Анхолт

Меди Анхолт, ѕвездата на „Би-би-си“ почина на само 35 години, по битката со редок вид на рак на мозокот, пренесуваат странските медиуми.

Анхолт, на која ѝ беше дијагностицирана болеста веднаш по раѓањето на нејзината ќерка, глумеше во неколку ситкоми на „Би-би-си“, „Ај-ти-ви“ и „Ченел 4“, а беше редовна гостинка и во емисијата „Дис морнинг“.

Во објава на платформата „Гоу фанд ми“ („GoFundMe“), нејзиното семејство ја објави тажната вест за нејзината смрт.

„Со длабока тага ја објавуваме смртта на Меди Анхолт, нашата сакана ќерка, сестра, пријателка, сопруга и мајка, која го напушти овој свет во средата на 13 септември на 35-годишна возраст.

Можеби знаете дека кратко по раѓањето на нејзината ќерка Опал минатата година, ѝ беше дијагностициран редок и агресивен вид на рак на мозокот.

Таа ја издржа операцијата и третманот со неверојатна благодат и храброст, поддржана од нејзиното семејство и посветениот сопруг Бен. Последните недели ги помина во куќата на нејзините родители, опкружена со љубов, мир и звуци на природата“, соопшти нејзиното семејство.

Младата Анхолт беше амбасадор за „Виминс Аид“ („Women’s Aid“) и има напишано две книги за семејно насилство и токсични врски. Во 2022 година, таа напиша за „Сан“, како можете да излезете од токсична или навредлива врска, додека сè уште се грижите за себе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде