Славчо Попоски ја објави временската прогноза за следните 10 дена

Нашата територија  и во следните десетина денови ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка), и истата ќе условува температури кои се значително над просекот за овој дел од годината. 

Во следниот период преку ден температурите ќе бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните.

Наутро останува посвежо, но со малку повисоки минимални температури за разлика од изминатиот период, додека преку денот температурите речиси насекаде ќе надминуваат 25 степени,

а понекаде, особено во централните и во југоисточните предели, како и во Скопскиот регион температурите ќе надминуваат 30 степени.

Во следните денови ќе има и малку повеќе облачност, а ќе има и услови за изолирана и краткотрајна попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ув индекост во следните денови ќе биде малку понизок, но сепак и понатаму релативно висок и ќе има коефициент 6.

Вистинското септемвриско лето продолжува и понатаму во следните десетина денови во Македонија, па кој сака слободно може да ги посети нашите езера и реки низ Македонија и да се освежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде