Ужасна вест ја потресе Македонија: Маж (39) нападнал 3 годишно момче, му ги соблекол гаќичките и го допирал

Пијан педофил завчера нападнал три и пол годишно детенце додека си играло со други деца на детско игралиште во Дебар маало.

Инцидентот се случил во вечерните часови. Случајот е пријавен во полиција, а педофилот е приведен. Случајот за А1он го потврдија и од МВР.

„На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син.

Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните и гаќичките, но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде