ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА го потресе регионот: Двајца браќа (19) и (12) загинаа во страотна сообраќајна несреќа во Хрватска

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа вчера попладне на локален пат во месноста Лупоглав.

Двајца браќа на возраст од 12 и 19 години го загубија животот, изјавија денеска жители на Лупоглав за Индекс.

Од полицијата ниту ја потврдија ниту ја демантираа информацијата. Рекоа дека само проверуваат и дека обдукцијата ќе биде во понеделник.

Несреќата се случила околу 17:45 часот на локалниот пат од населбата Брест под Учко кон Лупоглав, кога возач на автомобил „рено клио“, регистриран во Пула, преминал на левата страна и удрил во дрво на работ од коловозот.

Откако автомобилот се одбил од дрво, се запалил. Целосно изгорел, а во него биле пронајдени тела на две лица.

„Идентитетот се уште се утврдува бидејќи со оглед на состојбата во која се запалени телата не е можно визуелно препознавање.

Автомобилот е подигнат од полицијата и се наоѓа во дворот на полициската станица Пазин бидејќи државниот правобранител наредил вештачење на возилото“, изјавија за Индекс од ПУ Истра.

Додаваат дека и од мештаните слушнале дека се работи за двајца браќа, но тоа засега не можат да го потврдат.

Извор: Индекс.хр

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде