БОМБА на Али Ахмети: Имав тајни средби со Груевски и Заев за измена на КЗ

Првично не се согласуваше Зоран Заев и потоа кога се договоривме за да се укине договорот со СДСМ затоа што СДСМ првично се повлече. Кога се договоривме со СДСМ се повлече ВМРО-ДПМНЕ,

се повлече Христијан Мицкоски од измената на Кривичниот законик и ова беше големо изненадување. Ова го истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21.

-Имало десетици средби во клубот на пратеници за измена на овој законик и да се усогласи со европските стандарди. Во тие средби имало работни групи.

Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никола Груевски и мене. Сме разговарале со часови и денови. Дојдовме до момент каде се согласивме сите и на крај се повлече ВМРО-ДПМНЕ, истакна Ахмети.

Новинарот кој го водеше интервјуто праша: „Острата реакција на јавноста беше зошто сега, толкувањето е дека има договор со ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени. Дали е ова вистина“?

-Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за да се изгласаат уставните измени. ВМРО го искажа јавно својот став дека нема да ги изгласа уставните измени под бугарски диктат.

Ние овде имаме огромни разлики, ова е многу жешка тема, тема која бара многу поконцентриран пристап. Ние овде се разликуваме многу со ВМРО-ДПМНЕ, порача Ахмети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде