Драмата продолжува: Османи откри дали се сретнал со Груевски во Будимпешта

Шефот на македонската дипломатија и потпретседател на ДУИ, Бујат Османи демантира дека се сретнал со експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, сега бегалец во Будимпешта.

Демантот министерот за надворешни го испрати прекку својот личен фејсбук-профил, откако за наводна средба со Груевски вчера јавно беше прашан од лидерот на новоформираната партија во албанскиот опозициски блок – Демократско движење, Изет Меџити.

Поранешниот член на „огнените“, а сега лидер на Демократско движење вчера во објава на социјалната мрежа напиша:

„Јавно прашање за Бујар Османи: дали беше на службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски?“

Неколку часа подоцна со демант се јави министерот за надворешни работи.

„Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“,напиша Османи на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде