Реакција и од Зоран Заев: Ахмети лаже!

Поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за Телевизија 24 негира дека имал тајни средби со експремиерот, а сега бегалец во Унгарија, Никола Груевски,

и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со измените во Кривичниот законик (КЗ) кои изминатиов период ја брануваат јавноста.

„Не е точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина“,  вели Заев во изјавата за ТВ 24.

Изјавата на Заев следува откако претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за ТВ 21 кажа дека изминативе неколку години имало неколку тајни средби во врска со измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба.

„Три години е разговарано, дебатирано со опозицијата и во тоа време преземавме заедничка иницијатива ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за да се укине стариот законик. Првично не се согласуваше Зоран Заев и потоа кога се договаравме за да се укине договорот со СДСМ, зашто СДСМ првично се повлече, кога се договоривме со СДСМ се повлече ВМРО-ДПМНЕ.

Се повлече Христијан Мицкоски од измената на Кривичниот законик и ова беше големо изненадување. Имало десетици средби во Клубот на пратеници за измена на овој Законик и негово усогласување со европските стандарди. На тие средби имало работни групи. Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никола Груевски и мене. Сме разговарале со часови и со денови. Дојдовме до момент кога се согласивме сите и на крај се повлече ВМРО-ДПМНЕ“,вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервјуто за ТВ 21.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде