Почнаа финалните битки за тронот во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Преписките помеѓу Мицкоски и Груевски на социјалните мрежи кулминираат дотаму што силно се разнишани темелите на партијата.
Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој со одлуките да не ги поддржи уставните измени го кочи патот на Македонија кон Европската унија, денеска преку Фејсбук објава му се обрати на поранешниот претседател на партијата, екс премиер и бегалец од правдата Никола Груевски.
-Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам.
Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин:
Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш, објави Мицкоски.
На социјалните мрежи се води голема дискусија за лидерството на Груевски и Мицкоски.
Токму таква анкета објави Пулс 24 на која за два часа гласале околу 900 луѓе.
Моментално Груевски е во голема предност, односно за него гласале 760, а за Мицкоски 152, или во проценти 84 наспроти 16%.
Линк од Анкетата ТУКА