БОМБА: ВМРО-ДПМНЕ има документи за преговорите на владата со Груевски?!

Средбите и преписките на Груевски со актуелната власт се документирани, тврдат од опозициската партија кои обвинија дека,  Ковачевски и Ахмети преговарале амнестија за поранешниот премиер во азил, со цел тој да влијае на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ и да им помогне да се изгласаат уставните измени.

Милошоски обвини и дека, во моментов се разговара за нов закон за амнестија, со кој би се спасиле од затвор лица блиски до власта, но имаат несогласувања со Министерството за правда.

Со тврдењето дека поседуваат документација, од партијата излегоа откако Груевски на фејсбук побара од некогашниот човек од доверба, кого го поддржа да седне во неговата фотеља,да го поткрепи обвинувањето кон него дека тајно комуницирал со владата за да издејствува уставни измени.

Оддалечени 800  километри еден од друг, поранешниот и актуелниот лидер војната ја префрлија на фејсбук.

Членството е поделено во поддршката, а пратениците поединечно објавуваат статуси со поддршка на Мицкоски и ветување дека нема да гласаат за уставни измени по никаква цена.

СДСМ, пак, побараа да бидат изземени од меѓусебната пресметка во опозициската партија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде