Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе биде уапсен доколку се обиде да дојде на Косово без дозвола на Приштина, изјави министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, пишува косовскиот медиум Репортери.
Свечља ја коментираше неодамнешната изјава на Вучиќ дека планира да ја посети Грачаница.
Доколку испрати барање, одлуката ќе биде на премиерот дали ќе му даде дозвола на Вучиќ или не.
А, без дозвола се знае кои институции се занимаваат со тоа. Како мислите дека некој, странски државјанин, може да влезе во Република Косово без дозвола на косовските институции – праша Свечља.
Ако се случи спротивното, Свечља рече дека тоа ќе го докаже „непостоењето на Косово како држава“.