Маските се враќаат во Македонија, комисијата за заразни болести бара да станат задолжителни за влез во здравствени установи

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе одлука за задолжително носење на заштини маски при влез во сите здравствени установи низ Македонија. Ова пред новинарите го соопшти претседателот, д-р Злате Мехмедовиќ.

„Тоа е со цел да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи. Таму имаме групи кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исхох“, изјави д-р Злате Мехмедовиќ на прес конференција за новинарите.

Здравствените власти регистрираат зголемување на позитивните случаи со ковид-19 во август и септември. Епидемиолошката состојба се оценува како стабилна, а на ризичните пациенти им се препорачува нова доза вакцина. Симптомите на новозаболените се болки во грлото, течење на нос, главоболка.

Во Србија за само три недели, бројот на заразени со корона вирусот е тројно зголемен, а според епидемиолози, реалната бројка е 10-20 пати поголема, бидејќи заболените малку одат на лекар, а уште поретко се тестираат за Ковид – 19.

Според последните официјални податоци, за една недела во Србија имаше 1.529 нови случаи, што е на ниво на статистичка грешка ако се знае дека на почетокот на 2022 година имало речиси 20.000 нови случаи на дневна основа.

Во Албанија се зголемува бројот на заразени со коронавирус и, според Институтот за јавно здравје, позитивен резултат е добиен кај 40 отсто од тестираните. Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 теста за ковид-19, а речиси половина, односно над 900 се позитивни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде