Чудото од Делчево: Лековити извори од чија вода многумина се излекyвале и нашле спас за cвоите проблеми

Чудотворните свети води во делчевско лекуваат од многу болести.

Народните верувања велат дека во близина на село Тработивиште, оддалечено десеттина километри од Делчево, сместена на брегот на реката Брегалница, во подножјето на Орлова Чука, се наоѓа месноста што од дамнина се викала Света Вода. Името го добила по трите извори оддалечени по десетина метри, еден од друг.

Се верува дека овие свети извори, оваа чудотворна вода особено е полезна за оние што страдаат од нервни растројства, дејствува против уроци, за зацелување рани, помага кај децата кои мократ во сон, немирно спиење, а ја лечи и главоболката, го бистри умот и го јакне телото. Карактеристично е што луѓето што доаѓаат, не доаѓаат само да се измијат, туку и да наполнат вода.

Од сите три извори еднакво се мие и се пие, а оние што земаат од светата вода со себе треба да знаат дека водата не се внесува во куќа, туку треба да се остави надвор (оние што имаат градина треба да ја остават меѓу цвеќиња). Откако ќе се донесе вода, болниот треба да се мие без да го поместува садот во кој таа се наоѓа и да пие од неа наутро.

Народните верувања велат дека во близина на село Тработивиште, оддалечено десетина километри од Делчево, сместена на брегот на реката Брегалница, во подножјето на Орлова Чука, се наоѓа месноста што од дамнина се викала Света Вода.

Името, како што вели историчарот Славчо Десподов, го добила по трите извори оддалечени по десетина метри, еден од друг, од кои извира вода бистра како солза и за која се верува дека е чудотворна и дека им помага на луѓето при лекување многу болести и тегоби.

– Верувањето за лековитоста на овие свети извори се пренесува од колено на колено, со генерации наназад, а меѓу населението на Пијанец сè уште постои легендата за престојот на светите браќа Кирил и Методиј во овој крај, која ја потврдуваат и записите на Јеремија Павловиќ и Јордан Иванов.

Според нив, во средината на IX век овде постоела ќелија во која Кирил и Методиј живееле аскетски живот и преведувале грчки црковни книги на словенски јазик.

Дека не се работи за обичен мит, туку за историска вистина, зборува и фактот дека кога се копани темелите за новата куќичка, која јасно се гледа на фотографиите, пред неколку години се откриени остатоци од стара градба за која се претпоставува дека е аскетската ќелија на Кирил и Методиј.

Како уште еден доказ за ова е платото над изворите, кое мештаните го викаат Собориште и на кое се најдени остатоци од стари градби, вели Десподов.

За лековитоста на водата има голем број сведоштва, а некои од нив во знак на благодарност се документирани во печатени белешки, над самите извори. Едно такво сведоштво е и она на Милка Илиева, родена Заринска во 1944 година во село Робово, Беровско, од мајка Зора и татко Евтим, со место на живеење во Кочани.

На Заринска лековитата вода ѝ помогнала, а за да доловиме како застанала на нозе од водата ќе ви го прераскажеме целото нејзино сведоштво.

“– Јас како дете до седумгодишна возраст немав никакви здравствени проблеми. Еден ден додека мојата стринка Рилка ми ја миеше главата наеднаш ми се слоши, ѝ реков „лошо ми е“ и толку се сеќавам. Сум западнала во тридневна кома од која немало никаков излез.

Мојот сакан дедо Станомир Пандурски, кој е чичко на мојата мајка, предложил да ми фатат побратим кој ќе ми донесе вода од ова свето место во Пијанец, познато како Света Вода. Побратим ми беше Славе Капевски од истото село, кој истиот момент прифатил да ми донесе света вода.”

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде