Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степен.
До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер.
Особено топло ќе биде во петок и во сабота.
Во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.