ФБ пост на Никола Груевски:
Да разјаснам за оние на кои сеуште не им е јасно и прашуваат.
1.Влијание на пратеници да гласаат некако за било која точка од моја страна ниту имало, ниту во последните една година сум разговарал воопшто со некој пратеник. Ниту пак сум планирал такво нешто. Ниту пак мислам дека треба да го менуваат ставот на партијата по однос на точката околу промената на уставот. И онака имаше премногу неконзистентност за многу работи досега.
Треба да знаат исто така дека клучното прашање со Бугарија кое доправа доаѓа е историјата и нивното тврдење дека до 1944 година македонците биле етнички Бугари, говореле дијалект на Бугарскиот јазик, наспроти тоа дека историјата до тогаш ни е дел од бугарската историја и дека потоа со сила сме биле “ребрендирани” во Македонци. Тоа е голема историска лага, и бев многу загрижен што не само луѓето од власта туку и луѓе кои беа од ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ минатата година даваа изјави дека Бугарите морало да прифатат дека ние сме Македонци а јазикот ни е Македонски.
Општо познато е дека Бугарите, барем според изјавите на нивните политичари, и порано и денес велат дека немаат проблем ние ако сакаме да се нарекуваме и марсовци, и јазикот Македонски, ако прифатиме дека до 2.август 1944 сме биле Бугари. ВМРО-ДПМНЕ не треба да бега од оваа тема и треба аргументирано да се спротистави.
2.Разбрав дека “крунскиот доказ” на Мицковски против мене бил некој наводен стенограм од средба на власта кај Пендаровски, каде си правеле “крчма без крчмар”. Незнам дали копијата од тој документ е реална, односно дека не е фалсификувана и подметната, но дури и да не е, некој треба да му каже на Мицковски дека ако јас сакав да се пазарам, имав неколку прилики уште додека бев во Скопје, но ги одбив.
Таа дискусија можно е да е мотивирана од фактот што раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а пред се Мицковски во многу наврати јавно говори дека ако станел премиер ќе ме апсел, а дека тоа навистина го посакува е фактот не само што нема никаков контакт со мене веќе пет години, туку се најлошо говори на сите за мене, лаже, подметнува, раскажува невистини со голема омрза кон мене, им зборува на луѓе дека тој ќе ме донел во Идризово, изразува нетрпение и видлива фрустрација што воопшто постојам и што сум жив.
Очигледно тој би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта. Не се јавував јас вчера и денес кај угледни партиски луѓе туку тој со ултиматумот: или ќе ме по држиш, или си со Груевски. И на сето тоа молчам со години. А на тој човек не верувам дека некој поголеми добрини во животот му направил, освен родителите.
Барем така ми велеше додека бев таму на неговата позиција, и кога му соопштив дека ќе давам оставка во партијата а тој ми одглуми некакво бришење солзи со очилата во едната рака.Нормално во една таква ситуација, на прикажување на таква одвратност и негативност кон мене, секој паметен политичар од другата страна да размислува да ги искористи комплексите, нечовечноста и егото на актуелниот лидер и да си прави своја крчма, без крчмар.
3.Се обраќам на некои членови од раководството на чело со претседателот на партијата. Многу сте забрефтани и арогантни. Ве има обземено и злоба. Ја чувствувам кон мене. Што останало кон некои други. Уште не дојдени на власт покажувате голема сила, а квалитетна понуда нема. СДСМ беа зрели за паѓање на изборите 2020 година. Со ароганцијата, потценувањето на сите, самобендисаноста, непримисленоста и злобата што ги обземала дел од вас во потесното раководство, а најмногу првиот човек, им подаровте уште 4 години и наскоро ќе станете раководна гарнитура на партијата со најдолг стаж во опозиција.
Ако продолжите да се занимавате со лов на вештерки, може да би се случи иннакдолгиот стаж во опозиција на СДС да го надминете. Политиката не е само да се ветува без пресметка и анализа, и се обратно од што прави власта, само да се закануваш и само да омаловажуваш. Ви лежат луѓе невини по затвори, ги влечат по судови, со прст не мрднување да им помогнете, вие ликувате и горди сте што никому ништо не помагате. Се ситите на макста на луѓе со кои до пред некоја година бевте заедно и ом се умилкувавте. Срамота е тоа! Бедно е!
Ви поминуваат штетни за државата одлуки секој ден. Дремете. Само овие 2-3 дена додека со мене се занимавате куп штетни одлуки поминаа на различни нивоа на власта. Ве нема никаде освен по панаѓури и пиволенти. Оставете ме мене. Ако не сакате да ми помогнете, барем не ми одмагајте.Порано или подоцна ќе се реши и мојот проблем. Правдата мора да победи на еден или друг начин. Како да не гледате дека партијата има поголем рејтинг од СДСМ од што народот веќе неможе да ја гледа оваа неспособна, корумпирана и предавничка власт.
Вака како што сте тргнале, може лесно да се удрите во ѕид. Одлуката со мене да се пресметувате и некој таму да лечи комплекси, не ви е паметна. Не нападнав јас никого. Седма година по ред дисциплинирано премолчувам многу ваши глупости, погрешни одлуки и неконзистентности. Сега ме нападнавте и ме приморавте да ви вратам. Нема да ви молчам, а вие да ме газите. Патем, еве за една работа да се заблагодарам на Мицковски што денес потенцираше дека сега се докажало дека тој ја води партијата а не јас. “Аман! Фала Богу!” Инаку многу непромислени одлуки низ годините неможев на многумина што веруваа во таа распространета невистина да ги објаснам.
Мислеа дека нешто чудно се случува со мене. Ме прашуваа што ми е!4.Кога некој се обвинува, има право и да се чуе неговото мислење. Доколку на седницата на ЦК вечерва се зборува за мене и ако сакате тоа демократско правило да го испочитувате, ви стојам на располагање преку видео врска да се вклучам во живо. Имам многу што да ви кажам, и за ова што сум нападнат, а ако сакате и за повеќе други работи за кои сеуште се воздржувам јавно, иако сум најбрутално нападнат од актуелниот претседател на партијата. И во една ваква ситуација се контролирам, за да не направам штета на партијата. Знам дека технички можности во штабот има. Барем таков го оставив.
На крај ќе завршам со онаа народна поговорка: “Чувај ме Боже од пријателите. Од непријателите можам и сам!”