На 76 години почина спортскиот новинар Александар Стиков. Тој целиот свој работен век го помина Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма.
Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја со над 2 000 преноси.
Стиков беше последниот претседател на Здружението на спортските новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет.
Добитник е на многубројни награди и признанија вклучувајќи го и престижниот „Трофеј за спорт“ и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004.
Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма „Спорт, музика, спорт“ и известуваше од седум олимпијади и голем број европски и светски првенства.
Погребот на посмртните останки ќе биде в петок (22 септември 2023 година) во 11 часот на градските гробишта во Бутел во Скопје, а комеморативната седница в понеделник (25 септември 2023 година) во 11 ч во просториите на Македонската радио-телевизија.