ВИДЕО Ако Груевски се врати во Македонија, Мицкоски ќе биде небитен како семафор во Чаир! – вели градоначалникот Јакимовски

Мицкоски се договори со странците дека ќе го гласаат уставот, ама како да се извлече од таа работа и ај сега напад на Груевски, вели лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во синоќешната емисија Тешки муабети на Инфомакс.

– Ќе гласаш за уставните измени, ќе го обвиниш Груевски дека ти ги зема пратениците и ти прави раздор во партијата и ти си чист, вели Јакимовски.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, вели дека Мицкоски има потреба на странците да им покаже дека расчистил со сите претходни раководства.

– Мислам дека му е ова кец на десетка за да си ги амортизира неговите стравови од Никола Груевски.

Мое лично мислење е дека нема голема потреба за уставните измени, може да каже дека тие неколкумина се предавници, но многу повеќе го плаши евентуалното враќање на Гриевски во Македонија.

Се работи само за неговата кожинка и партиско столче, ако се врати Груевски, Мицкоски ќе биде небитен како семафор во Чаир, вели Митовски.

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде