Туѓината пуста да остане, Туѓината пуста да остане, таа од либето ме раздели. Таа од либето ме раздели, што го љубев време три години.
Цело време слушаме за животите на гастарбајтерите. Иако секоја приказна е секако приказна за себе, има и тешки страни.
Секој ќе рече, не е се‘ во парите за кои најчесто се зборува кога се гастарбајтери во прашање. Но, дали е лесно да се живее далеку од семејството, дали воопшто треба да го поставиме ова прашање?
За тоа најдобро говори видеото за разделба на еден човек кој работи во Германија, кој морал да замине по летниот одмор, кој е омилен дел од годината за гастарбајтерите.
„Срцето ми се крши, но мора да се врати назад“, напиша тој на TikTok, каде објави видео од збогувањето со своите најблиски кои не можеа да ја сокријат својата тага.
Веројатно, многумина кои работат во странство би можеле да споделат слични видеа, а тоа го знаеме и од коментарите на Фејсбук, каде ова видео предизвика емотивни реакции:
„Убаво патување и наскоро ќе се вратите кај вашите најблиски“, „Тажно, премногу тажно , пет години сум сам, па заедно со децата со солзи во очите ме испрати сопругата.
Фала богу, се вратив пред неколку дена – трајно“, „Точно знам како им е на овие луѓе, сама ги испратив родителите и брат ми пред неколку дена.
Додека гледам, солзите почнуваат да течат”, „Плачев секогаш кога одев во Франција, иако моите деца се возрасни. Физички ќе бидам таму, но мојот мозок ќе биде во Србија“.