Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ зборувале за бројка од 18 пратеници на Левица на следните парламентарни избори, открива во синоќешната епизода на Тешки муабети пратеникот на Левица, Борислав Крмов.
– Јас мислам дека ќе имаме двоцифрен број на пратеници, не знам која бројка, ние немаме пари да плаќаме за скапи анкети.
Добиваме податоци од страна, за бројка од 15 пратеници, некои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за бројка од 18 пратеници.
Бројката зависи од исходот од гласање на уставните измени, според мене ќе имаме од 10 до 15 пратеници, вели Крмов за Инфомакс
Тој смета дека во одредени општини Левица ќе ја победи СДСМ.