Тажна вест го потресе регионот: Почина познатиот режисер

Српскиот театарски режисер Јагош Марковиќ почина на 58-годишна возраст.

Тој беше еден од најистакнатите театарски режисери во Србија и низ регионот, пренесуваат српските медиуми.

Марковиќ е роден во Подгорица во 1965 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград (1987), во класата на проф. Борјана Продановиќ и Светозар Рапајица.

Од 2008 година, Марковиќ беше постојан режисер во Народниот театар во Белград, каде што ги режираше најзначајните наслови на светската и домашната класика како „Учена жена“, „Хасанагиница“, „Господа министарка“, „Покондирена тиква“, „Антигона“ и многу други.

Добитник е на педесет професионални, фестивалски и државни награди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде