Џорџо Наполитано, претседател на Италија во два мандати, почина денеска на 99-годишна возраст.
Наполитано почина во болница во Рим, а неговата здравствена состојба веќе извесно време беше критична, пренесува АНСА.
Роден е во Неапол на 25 јуни 1925 година, а дипломирал право на Универзитетот во Неапол во 1947 година.
Тој се приклучил на Комунистичката партија на Италија во 1945 година, а осум години подоцна за прв пат станал пратеник.
Тој стана дел од Демократската партија на левицата во 1991 година, а од 1996 до 1998 година беше министер за внатрешни работи во владата на Роман Проди.
За време на неговата долга политичка кариера, Џорџо Наполитано беше член на Европскиот парламент, како и претседател на Долниот дом на италијанскиот парламент.
Тој беше претседател на Италија од 2006 до 2015 година, кога поднесе оставка од таа функција.