Последниве денови во јавна преписка преку социјалните медиуми актуелниот и поранешниот претседател на партијата кој е во егзил во Будимпешта си разменија низа обвинувањаПоранешниот премиер и екс лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, а сега претседател на ВМРО-НП, преку својот Фејсбук профил му упати порака на неговиот некогашен сопартиец, екс премиер и актуелен бегалец, Никола Груевски дека се соочува со истите работи кои тој му ги правел нему кога го наследил на лидерската позиција.
„Сѐ што ми направи мене сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни“,пишува Георгиевски.
Тој испрати порака и до „ВМРО-Шумадија“.
„Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер, што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартијци кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27 април. Да ѝ помогнете на Македонија на патот до Европа“,пишува Георгиевски на Фејсбук.
Груевски вчера им испрати порака на неговите поранешни сопартијци да не го менуваат ставот на партијата по однос на точката околу промената на Уставот. Тој беше дециден дека влијание на пратеници да гласаат некако за било која точка од негова страна „ниту имало, ниту во последните една година сум разговарал воопшто со некој пратеник“.
Последниве денови во јавна преписка преку социјалните медиуми актуелниот и поранешниот претседател на партијата кој е во егзил во Будимпешта си разменија низа обвинувања. Мицкоски во интервју за ФАЦ јавно го прозва својот претходник дека преговарал со власта со цел тој да се спаси од кривичен прогон и евентуално да и помогне на власта да се изгласаат уставните измени. Груевски пак го повика Мицкоски да приложи докази и излезе со тврдење дека е цел на организирани напади.