Нова тешка сообраќајка на македонските патишта: Возило излета од патот, две лица повредени

Жена е тешко повредена во сообраќајка што се случила рано утрово во битолско. 

Како што соопшти полицијата, на 23.09.2023 во 05.59 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот од Битола кон граничен премин Меџитлија,

после крстосницата со локален пат за с.Бистрица, патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(57) од Битола, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.С.(57) од Битола, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. 

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде