По извршена обдукција на 35-годишниот маж кој вчера беше пронајден во опожарениот стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром,
констатирано е дека причина за смртта се убоди со остар предмет.
Од Основното јавно обвинителство велат дека првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело.
Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот – соопшти ОЈО.