Страотна сообраќајна несреќа, четири лица итно пренесени во болница

Синоќа на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, кај место викано „Дреновска спирка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски таблички,

управувано од Д.С.(44) од с.Долно Лакочереј, охридско и патничко возило „Фиат уно“ со велешки регистарски таблички, управувано од К.А.(53) од с.Дреново, кавадаречко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.С., сопатникот во неговото возило З.А.(46) од с.Велгошти,

охридско и сопатничката во возилото „фиат“, Ж.Б.(44) од с.Ваташа, кавадаречко, констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кавадарци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде