Најмалку пет лица, вклучувајќи пожарникари и работници, загинаа, а повеќе од 100 луѓе се повредени во експлозија во фабрика во јужен Тајван, соопштија денеска локалните власти.
Несреќата се случила доцна синоќа во фабриката на производителот на топчиња за голф, Launch Technologies Co, лоцирана во округот Пингтунг.
Операциите за пребарување и спасување продолжија во текот на ноќта и до раните утрински часови денеска, пренесе ДПА повикувајќи се на државната Централна новинска агенција (CNA).
Причината за пожарот и експлозијата сè уште е непозната и во тек е истрага, соопштија властите.
Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен и премиерот Чен Чиен-Џен изразија сочувство до семејствата на загинатите.
🚨#AlertaADN
— adn40 (@adn40) September 22, 2023
Una explosión en una fabrica en el condado de Pingtung en #Taiwán deja al menos 81 personas heridas pic.twitter.com/x7CQhlM9hz