Вечерва околу 19 часот во Гевгелија 69-годишниот В.Г. пред влез од куќа пукал со пиштол кон неговите брат и снаа и ги убил, дознава Слободен печат од полициски извори.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија.
Полициски службеници од одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода.
Лицето е задржано во полициска станица Гевгелија и од него е одземено оружјето со кое го извршил делото.
Увид на местото на настанот врши јавен обвинител и увидна екипа од одделението за внатрешни работи Гевгелија.
Извор: Слободен печат