Двојно убиство вечерва ја потресе Македонија: Mаж ги убил братот и снаата

Вечерва околу 19 часот во Гевгелија 69-годишниот В.Г. пред влез од куќа пукал со пиштол кон неговите брат и снаа и ги убил, дознава Слободен печат од полициски извори.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија.

Полициски службеници од одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода.

Лицето е задржано во полициска станица Гевгелија и од него е одземено оружјето со кое го извршил делото.

Увид на местото на настанот врши јавен обвинител и увидна екипа од одделението за внатрешни работи Гевгелија.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде