Нови детали: Родителите велат дека детето се повредило во градинка, градоначалникот смета дека се ова има друга позадина

Жители на населбата Шуто Оризари пријавиле тешки повреди на нивното 11-месечно бебе за кои тврдат дека ги добило за време на престојот во градинката 8-Април во Шуто Оризари.

Таткото на бебето за телевизија „24“ вели дека бебето било само дваипол часа во градинката и за тој период добило видливи повреди под десното око, гребнатини по телото и скршена му била клучната коска.

За повредите сметаа дека се виновни двете негувателки кои не го информирале навремено семејството.Кога мајката го однела бебето дома забележала дека тоа плаче без престан.

Првично сметала дека тоа е така бидејќи бебето овој месец почнало да оди во градинка и сѐ уште му е фаза на адаптација, но подоцна ги забележала видливите повреди по телото и по одговори се упатила во градинката.

– Негувателките тврдеа дека е нормално за бебето да е вознемирено затоа што му растеле заби. Таа нервоза кај бебето била причина самото да се повреди – вели Имер Салиу во изјавата. 

За да утврдат што точно му се случило на бебето и каква е неговата здравствена состојба, го однеле во Ургентниот центар каде им потврдиле дека има скршеница. Семејството на бебето кое е поврзано со поранешниот пратеник Шабан Салиу сега бара одговори и од градоначалникот на Шуто Оризари.

– Како загрижен родител барам одговорност од сите надлежни институции, а особено од општината Шуто Оризари. Бидејќи тие ги вработуваат негувателките, би сакала одговор врз основа на што се они вработнени – продолжи таткото. 

Градоначалникот Дудуш смета дека се ова има друга позадина, но остава на надлежните институции да ја завршат својата работа.

Семејството случајот вчера го пријавило во полиција. Според пријавата, мајката го однела девојчето во грдинка околу 8 часот, а го зела во 10 часот, бидејќи се уште била на адаптација. Кога го однела девојчето дома и почнала да го пресоблекува, девојчето на престанувало да плаче, по што го однеле во ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата – соопшти МВР.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде