Се огласи Касами: Србија сака војна со Албанците, ние сме подготвени да помогнеме

„Нападот на северот на Косово е терористички напад и напад врз мирот во Балканот. Ги поддржуваме Косово и премиерот Албин Курти. Подготвени сме за секаков вид поддршка.“ – објави Билал Касами, лидерот на Беса, на својот фејсбук-профил, реагирајќи на најновото заострување на политичко-безбедносната состојба во Косово.

Касами веќе разви најблиски контакти и соработка со раководството на Косово, пред се со премиерот Албин Курти и претседателката Вјоса Османи-Садриу, кои остварија и посети на македонија во изминатите месеци годинава,

кога настанаа големите реакции во Македонија, поради истакнувањето знамиња на „Голема Албанија“ и се вршеа преименувања на улици во Тетово и Чаир, Скопје според имиња на дејци за „Голема Албанија.

На фејсбук Касами натаму истакнува: Нападот во Звечане, во Косово докажува дека Србија не се откажува од својот тероризам, од масакри и од болеста да окупира, кои Вучиќ ги наследи од Милошевиќ и ги спроведува на ист начин како и неговиот претходник, преку криминалци, кои самите се финансирани и се поддржувани од српската држава.

Го повикувам меѓународниот чинител итно да преземе мерки, да изврши притисок врз српскиот претседател Александар Вучиќ да ги почитува и да ги спроведе сите договори за признавање на Косово. Бараме ЕУ и САД да го поддржат Косово во сите негови напори за заштита на мирот и стабилноста не само на територијата на Косово, туку и на целиот Балкан. Затоа што нападот од утринава докажува дека Србија сака да има војна во Косово и во Балканот и оти таа ќе започне со Албанците.

Како претседател на Движењето БЕСА и на целата партија, која ја претставувам, целосно ги поддржуваме Косово и премиерот Албин Курти. Подготвени сме за секаков вид поддршка. Изразив сочувство до семејството на убиениот полицаец и до целиот народ на Косово.

Барам Владата на Македонија да се откаже од иницијативата „Отворен Балкан“, која претставува српски проект. Во „Отворен Балкан“ остануваат само Али Ахмети и Димитар Ковачевски. Посакуваме оваа акција на Србија на територијата на Косово дека ќе биде последна и се надеваме оти меѓународниот чинител ќе биде на страната на Косово и ќе ги заштити мирот и стабилноста на Балканот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде