Синоптичарите со најнова вест: Денеска ќе има невреме, еве во кои делови од државата

Метеоролозите најавија нестабилно време со пороен дожд и грмежи за попладнево.

Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени, јавува УХМР.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме.

Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Повремено пороен дожд и грмежи ќе има преку ноќта кон понеделник и во понеделник. Повеќе врнежи денес и утре ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.

Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура во однос на денешната ќе биде пониска претежно за 6 до 8 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде