БАРАЛ ПАРИ ЗА ДА НЕ ОБЈАВИ КОМПРОМИТИРАЧКИ ФОТОГРАФИИ И ВИДЕА: Убиената жена од Кочани пријавила во полиција

Од Полициската станица во Кочани пред околу пет месеци добиле пријава за уцена што ја доставила 46-годишната жена која утрово е убиена. 

„На 16. мај, во 11:30 часот, Т.М. пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. со кого биле во љубовна врска, дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари.

Од страна на инспектори во Надворешната кцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи – Кочани постапено е по пријавата.

На 31. мај до Основното јавно обвинителство – Кочани е доставен поднесок – известување со службен материјал во прилог.

Како дополнување на известувањето испратен е и службен материјал во прилог на 05. јуни 2023 година“, истакнуваат од СВР – Штип.Од Основното јавно обвинителство – Кочани информираа дека се работи на расчистување на случајот.

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место пред семејна куќа каде утрово е убиена жена на возраст од 46 години.

Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде