ФОТО Доцна синоќа, група млади со порака од плоштадот Скендербег во Скопје: Две глави има орелот, а една Митровица

Доцна синоќа  на социјалните мрежи се појави фотографија, од плоштадот „скендербег“ во Скопје, со поддршка за Косово.

Околу 10-тина лица стојат зад пораката која ја држат, а нивните лица се замаглени и не се гледаат.

„Долга река Ибр, крв од Планина. Две глави има орелот, а една е Митровица“, пишува во пораката.

Во подзадина се гледа и албанското знаме, а исто така и еден друг транспарент.

Ова доаѓа по тензиите кои се случија на северот на Косово, каде беше убиен полицаец Албанец, по што во акција подоцна беа убиени тројца Срби.

Извор: Читај.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде