Доцна синоќа на социјалните мрежи се појави фотографија, од плоштадот „скендербег“ во Скопје, со поддршка за Косово.
Околу 10-тина лица стојат зад пораката која ја држат, а нивните лица се замаглени и не се гледаат.
„Долга река Ибр, крв од Планина. Две глави има орелот, а една е Митровица“, пишува во пораката.
Во подзадина се гледа и албанското знаме, а исто така и еден друг транспарент.
Ова доаѓа по тензиите кои се случија на северот на Косово, каде беше убиен полицаец Албанец, по што во акција подоцна беа убиени тројца Срби.
Извор: Читај.мк