Утринава на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани се случи убиство, објави Радио Кочани.
Со повеќе убоди со нож смртно настрада жена.
Според првичните неофицијални информации до кои дојде Радио Кочани, жителите од околните куќи околу 6: 15 часот биле вознемирени од силни викотници.
На улицата се случувала страшна тргедија, маж кој признал вина на несреќната жена и нанел 41 убод со нож, при што од задобиените повреди починала на самото место.
Потоа, го оставил безживотното тело за што сведочат фотографиите што ги доби Радио Кочани.
Осомничениот без да се обиде да бега, ги сочекал полициските службеници, кои му ставиле лисици.
НАПОМЕНА: Фотографијата е со вознемирувачки карактер
Извор + фото: radiokocani.mk