Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, особено во западните, централните и северните делови.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
НАЈНОВА ВЕСТ ОД УХМР – Невреме во охридскиот регион
Невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи и можна појава на град во Охридско – Преспанскиот регион, објавија од УХМР.