„Направив голема грешка, ми се заканува и ден и ноќ“ – ова е жената која беше убиена во Кочани

Јавното обвинителство уште еднаш нагласува дека жртвата на денешниот кривично-правен настан во Кочани до обвинителството нема поднесено кривична пријава за насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот.

Единствената пријава до обвинителството се однесува на кривично дело – уцена, без никакви елементи на физичко загрозување и по таа пријава веднаш е постапено.

Локалната телевизија ТВ Стар објави прилог со сведочње на нејзини блиски, но и тоа дека убената жена е мајка на три деца, а се поверила дека врската со убиецот ѝ била најголема грешка.

-Направив голема, голема грешка впуштајќи се во врска со него. Сѐ би дала тоа да не се случеше, но ете згрешив и се случи. Ми се заканува и ден и ноќ.

Не можам да живеам, ме прогонува страв и срам. Немам сила да се борам и многу сум исплашена.

Не знам кога ова и како ќе заврши, се жалела жртвата, која неброени пати последните седум години била принудена да му дава неброени пари.

Осомничениот бил вработен како пеглач во конфекција, постојано ја следел, а тоа што го пријавила не го загрижило, бидејќи наводно имал рак на простатата.

-Јас нема да живеам ама нема да живее ни таа, наводно велел убиецот, пренесува телевизијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде