Пристигна сериозно предупредување: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава.

Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вечерва, во текот на ноќта и утре во текот на целиот ден на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

Најпогодени ќе бидат западните и централните предели од Македонија, како и делови од Скопскиот регион. Локално во овие делови ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог.

Апелираме на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја“, напиша тој на својот официјален Фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде