Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта синоќа се вклучи во емисијата Тешки муабети на порталот Инфомакс,
а повод беше интервјуто на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за емисијата 360 степени во која тој го обвини Груевски дека ги напишал измените на Кривичниот законик.
По емисијата, за која имаше голем интерес во јавноста се огласи Ненад Јовановиќ, кој напиша:
Груевски се’ уште е неприкосновен авторитет во десниот политички спектар. Ги расцепи Мицкоски и Николовски како детелинка.
На интервјуто на Инфомакс имаше 11К во живо. Мислам дека овој раскол само ќе се продлабочува.
Груевски е опасно осуетен, како некој полуден генерал во пензија, а Мицкоски нека си бара нова професија.
Премиерските надежи за него завршија вечерва, напиша Јовановиќ на Фејсбук.