ЧУДО: Автомобилот целосно уништен, а возачот ја преживеал тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера во Меѓурача, недалеку од Бјеловар

Возач (59) за чудо преживеал тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во Меѓурача, недалеку од Бјеловар, во Хрватска.

Како што дознава Bjelovar.live од полицијата, возачот поради преголема брзина околу 15 часот и 30 минути преминал на спротивната страна од коловозот, излетал во каналот од левата сообраќајница и удрил во столб од улично светло.

Од силината на ударот автомобилот се обвил околу бетонски столб кој го преполовил. Возачот останал заробен во згмеченото возило.

Припадниците на Противпожарната бригада на општина Нова Рача интервенирале и се обиделе што поскоро да го извлечат повредениот возач.

„На моите колеги им требаше половина час да го исечат металниот лим и да ги ослободат нозете на возачот, кои беа притиснати надолу. Морам да признаам дека сè уште не сме имале ваква интервенција, но најважно е дека човекот преживеал и дека помогнавме“, изјавил командир на противпожарната единица.

„Навистина, возачот за чудо ја преживеа оваа несреќа. Инаку, тој не носел појас“, изјавил тој.

Од Општата болница во Бјеловар потврдиле дека 59-годишниот возач бил примен со тешки повреди.

„Се работи за отворена скршеница на надколеница и затворена скршеница на потколеница. Има и повреди на ребрата. Пациентот е успешно опериран и моментално е стабилен“, велат од болницата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде