Чудо во Словенија: Цените на храната масовно паѓаат

Откако цените на храната дивееја во Словенија во првата половина од годинава, порталот „Журнал24“ пишува дека трговците почнале да ги намалуваат цените на храната, а одредени категории доживеале попуст до 50 отсто.

Новинарите од порталот разговарале со шест големи трговци кои имаат синџири на продавници кои работат во Словенија за да проверат кои артикли и категории на храна се значително поевтини.

Одговорот од „Хофер“  е дека годинава веќе имале неколку стотици намалувања на цените на производите, меѓу нив има и прехранбени и непрехранбени производи (главно производи за домаќинството).

„Кај прехранбените производи денеска цените се пониски отколку на почетокот на годината, особено за млечни производи, други производи во фрижидер, свежо месо и риба и производи на кои не им е потребно ладење (масло, ориз, тестенини)“, објасниле од „Хофер“.

Новинарите од „Журнал24“ 24 ги проверуваа цените на одредени категории производи – млекото кое пред лето чинеше од 1,09 до 1,25 евра, сега падна на 0,79 до 1,09 за литар.

Поевтини и кашкавалот гауда – пред летото цените се движеа од 6,53 до 9,98 евра за килограм, но сега паднаа на 3,96.

Пониска е и цената на јогуртот – од просечни 1,19 паднала на 0,89 за литар во добар дел од анкетираните продавници. Цената свинските стекови паднала од 6,50 на просечно по 3,5 евра за килограм.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде