„ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е 36.200, ТУКУ 24 ИЛЈАДИ“: Глигорова со поразувачка пресметка за трошоците на едно семејство

Активистката Ана Глигорова, истакна дека просечната плата е далеку од тоа што официјално се презентира.

„Просечната плата во Македонија не е 36 200 денари, туку по медијана и мода е далеку помала, некаде околу 24 000 денари.

За цените во земјава, кои се речиси како на запад, оваа кобајаги плата не е ниту приближно на социјална помош (која е далеку помала во моментов, но да претепоставиме дека е оваа сума) која лицето ја зема кога моментално не е вработено.

Истава плата е џепарлак за средношколец, ако го поделиме 24 000 со 30 дена, тоа е 800 денари на ден, или 267 ден. по оброк, или хигиенски потреби, излегување, итн.

Да се вратиме на вработен со нето плата од 24 000 денари, на пример самохран родител на две деца. Може ли да го преживее месецов со 800 денари на ден? Сметките се околу 6000 денари, остануваат 18 000 ден. поделено на 3о дена, остануваат 600 денари на ден. 600 ДЕНАРИ НА ДЕН! За тројца луѓе е 200 денари, или 67 по оброк.

Каде се превозот, хигиенските потреби, школски прибор, не сакам да пишувам за ексурзии и викенди, бидејќи овие луѓе се гладни. Во најмала рака, купуваат евтина и неквалитетна храна, со многу малку овошје и зеленчук, бидејќи со 600 ден на ден не може ниту еден оброк асален да се направи за трочлено семејство.

Родителот е приморан да работи уште една работа, со што ги запоставува децата несакајќи, приморан е, нема социјална држава, живее во лоповско гнездо, на несолидарни, неемпатични човеколики створови, кои ни во орда не би биле примени.

Додека овој одвратен, кукавички, себичен менталитет не се смени, нема потреба да се мачиме да имаме држава.“, напиша таа на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде