За неколку денови ни доаѓа месец Октомври, а истиот ќе го започнеме со “Мини лето” и пријатно топло време преку ден, како и со повеќе сонце.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Сепак утрата ќе бидат свежи и минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а особено во Малешевијата тие ќе се спуштат и до околу 5 степени.
Врнежи не се очекуваат.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 13 степени, а пак максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени.
Уживајте во мини летото кое не очекува во првите денови од месец Октомври, и секако искористете ги максимално за правење на зимница.