ВОЗНЕМИРУВАЧКA ФОТОГРАФИЈА: До смрт претепано и избодено младо момче на Граничен премин „Батровци“

Полицијата во Сремска Митровица потврди дека е пронајдено тело на непознат маж и дека интензивно трага по сторителот.

Имено полицијата трага по лицата кои во вторникот на 26 септември нападнаа две млади момчиња на пат кон село Батровци, а еден од нив, деветнаесетгодишен млад човек од Косово, избоден е со нож, пишува Курир.

– Видов група луѓе кои се среќаваат на граница и човек кој трча. По кратко време меѓу камионите видов млад човек кој паднал.

Не бев сигурен што се случува и обично не излегуваме од камионот на овој дел од патот, особено ноќе бидејќи во околината се кријат мигранти. Полицијата доојде околу 22 часот, вели камионџијата од Босна.

Деталите се уште не се познати, а но се претпоставува дека овие двајца кои биле нападнати од Косово и Метохија. Го поминале граничниот премин „Батровци“ и пеш тргнале во правец на селото.

Еден од нив успеал да им побегне на група напаѓачи, кои најверојатно со ножеви ги нападнале овие двајца мажи.

Патролата почнала да пребарува дел од патот, кога за жал пронашла младо момче (19) на кое повеќе не можело да му се помогне. Младиот човек имал неколку убодни рани по телото.

Момчето кое успеало да побегне било префрлено во полициската станица во Шид, каде го препознал еден од напаѓачите. Според српските медиуми полицијата интензивно трага по мигрант од Авганистан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде